Мешков Брест е првиот вистински тест за новиот Вардар

148

Македонскиот ракометен тим Вардар, од денеска со реновиран состав и со нов сопственик тргнува во поход на нова титула во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ иако се уште се сметаат за европски шампиони, бидејќи завршниот турнир од минатата сезона ќе се одигра во декевмри, поради пандемијата со коронавирусот. Токму тоа беше причината најдобриот македонски тим да ја загуби европската титула на зелена маса, но тоа им дава повеќе мотив во новата сезона, во која ќе се обидат по трет пат да се искачат на покривот од Европа.

Вардарци првиот натпревар го играат вечерва (18.45 ч) на гости кај Мешков Брест. Тренерот на тимот Стевче Алушевски, истакна дека тимот е подготвен за првиот предизвик во најелитното клпско ракомено натпреварување и покрај тоа што имаа потешкотии на неколкуте подотвителни натпревари и на завршниот турнир во СЕХА лигата, каде во финалето загубија од унгарскиот Веспрем.

  • Мечот со Мешков е прв во низата во Лигата на шампионите. Сето она што го работевме досега беше подготовка за овој натпревар. Имавме големи проблеми на натпреварите, пред се во играта во напад, но задоволен сум од тоа како сме подготовени за овој дуел. Мешков ни е стар познаник, секогаш играат на Ф4 во СЕХА. Со пристигнувањето на Скубе, тие добија на квалитет и ја имаат благата фаворитска улога. Она што јас очекувам е да биде подигнато нашето ниво на игра во напад. Мислам дека  сме подготвени за овој дуел и се надевам дека ќе се вратиме со добар резултат од Брест, вели Алушовски.

Вардар освен со Мешков Брест, во групната фаза ќе ги одмери силите уште со ПСЖ, Киелце, Порто. ПИК Сегед, Фленсбург и Елверум. Вардарци првиот натпревар на домашен терен ќе го одиграат на 24 септември против норвешкиот Елверум.

Интересно е и тоа што оваа сезона сите натпревари во Лигата на шампионите ќе се играат преку неделата, а не за викенд како што беше изминатите сезони.