Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик одлучи да и стави крај на својата професионална кариера. Штербик, кој е роден во Србија од 2018 година го носи дресот на унгарскиот ракометен шампион Веспрем, а претходно неколку сезони го носеше дресот на македонскиот, европски и регионален шампион Вардар.

Штербик свoјата кариера дефинитивно одлучи да ја заврши заради пандемијата со коронавирусот.

  • Оваа одлука е многу тешка за мене. Искрено ми беше тешко повторно да се активирам и да бранам по долга пауза. Ми се чини дека дуелот со Татабања е последен кој го одиграв во својата кариера. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден завршен турнир во Лигата на шампионите. Сакав да освојам уште една титула европски шампион, но тоа нема да се случи, изјави Штербик.

Арпад својата професионална кариера ја почна во Србија, потчно во дресот на Југовиќ, а пред да дојде во Веспрем го носеше дресот на Барселона, Атлетико Мадрид, Сиудат Реал и нормално Вардар.

Во богатата кариера освои четири титули во Лигата на шампионите, а исто така има многу медали освоени со репрезентацијата, како со југословенскта, така и со шпанската за која играше нод 2008 година, а во 2005 беше прогласен за најдобар ракометар во светот.