Мечка се гостела со мед од пчеларникот на дебaрчанецот Арѓент Качалнику

127

Мечка целосно го уништи пчеларникот на дебарскиот пчелар Арѓент Качалнику. Непоканетиот гостин на трипати „престојувал“ во пчеларникот, што се наоѓа на влезот во градот во близина на ригионалниот пат Дебар-Маврово и се насладувал со медот од полните сандаци.

-Целосно се уништени сите 19 пчелни сандаци. Првиот пат осум, а потоа останатите. По неколку години минимално прозводство на мед, годинава требаше да имам добро прозводство. Планирав со добиените пари од продажбата на медот да го зголемам бројот на пчелните сандаци,но ете се отиде во неповрат, вели Качалнику.

Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, Арбен Муладаути извршен е увид, како од единицата така и од Полициската станица од општа надлежност,за штетата и за причините.

Инаку, според македонските закони, мечката е заштитено животно. Штетата што ја прават овие животни на различните стопанства по утврдување на висината ја плаќа државата.

Обид мечка да влезе во пеларник имало и во селото Коњаре,но таму направена е штета само на жичената ограда.