Дома LIFE Мече – Меркел, германска фабрика направи кадифена играчка во чест на германската...

Мече – Меркел, германска фабрика направи кадифена играчка во чест на германската канцеларка

286
Фото hermann spielwaren

Германска фабрика за играчки направи мече во чест на Ангела Меркел, додека канцеларката се подготвува политички да се пензионира по 16 години на чело на владата.

Херман-Шпилверен, со седиште во баварскиот град Кобург, претстави играчка висока 40 сантиметри, која има одредена сличност со канцеларката.

Плишаното мече има фризура слична на Меркел, додека шепите се поставени на таков начин што го имитираат легендарниот гест на раката познат како „ромбот на Меркел“, пренесува РТ.

-Се обидуваме да изразиме моменти од модерната историја во мечки како уметничка форма, рече Мартин Херман, генерален менаџер на една од најстарите се уште постоечки фабрики за мечки во светот, пренесува германски Билд.

101-годишниот семеен бизнис ќе направи ограничена серија од 500 мечиња со ликот на Ангела Меркел, чија цена е 189 евра.

16 -та мечка по ред ќе биде испратена до Ангела Меркел, што претставува број на години поминати како канцелар.