Метереологот Попоски најави: Снегот годинава доаѓа многу порано!

181

Под влијание на арктичкиот воздух и на изразената влажна воздушна маса, во текот на ноќта и особено во текот на утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд и снег на повисоките места, најави метереологот Славчо Поповски.

„Почитувани граѓани: Со оглед на тоа дека полека од оваа ноќ, а особено утре ќе потпаднеме под влијание на Арктички воздух и на изразена влажна воздушна маса, која ќе донесе дожд и снег на повисоките места и на планините, како и формирање на снежна покривка, на планините понекаде со висина и од над 20 сантиметри, токму поради ова снежната граница, особено на запад и на север понекаде ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што провејување на снег ќе има и на повисоките населени места“, напиша Попоски на својот профил на Фејсбук.

Изминативе денови на Пелистер веќе провеа првиот снег.