Метеоролозите најавуваат: Следната недела стигнува леден бран од Арктикот

2907

Метеоролошката станица Severe Weather за почетокот на февруари најави доаѓање на леден арктички бран над добар дел од Европа, вклучувајќи го и регионот на Балканот.

Прво, како што најавуваат, овој регион ќе го погоди топло време, кое подоцна ќе го замени студен бран, што ќе почне од западна и централна Европа, па ќе се спушти над Балканот, Медитеранот, и северот на Африка.

Овој студен бран ќе донесе и снег.

Студениот бран ќе почне од вторник утината во источните делови на северен Атлантик, па ќе се прошири низ Британија, Ирска и Франција, а од среда се очекува да продре кон Балканот.