Мета: Рама не ме консултира мене туку Вучиќ за учество на Албанија во иницијативата „Отворен Балкан“ 

105

Претседателот на Албанија Илир Мета тврди дека премиерот Еди Рама не се консултирал со него за учеството на Албанија во иницијативата „Отворен Балкан“, туку со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. 

-Ова е иницијатива која го смени своето име трипати за многу кратко време. Тоа доведе до многу дебати и противречности, особено меѓу косовските лидери. Не е сеопфатна и не може да биде трајна соработка, изјавил Мета за Еј-Би-Си Њуз, пренесуваат албанските медиуми. 

Тој, исто така, ја нарече надворешната политика на Тирана „секогаш стабилна“ и оти секогаш „го имала на ум косовското прашање“. 

-На прво место мора да имаме заедничка координација, вршиме притисок врз Косово дека не сакаат соработка, не знам колку и служи на Албанија или на Косово, жал ми е за ова прашање. Не преземам иницијативи во надворешна политика без консултации со други фактори“, заклучи Мета.