Мета: По заминувањето од претседателската функција силни движењa кои ќе го разнишaат системот

20
Албанскиот претседател Илир Мета, чиј петгодишен мандат завршува на 24 јули, по заминување од функцијата најави „разнишување на системот”.
Тој предупреди дека по 25 јули ќе „има силни политички движења кои  како земјотрес ќе го потресат системот”.
– До 24 јули ќе ја извршуваме нашата должност со целосна одговорност и се надеваме дека така ќе биде и понатаму  кога станува збор за прашања од национален интерес. По 25 јули ќе следуваат силни политички движења што ќе го разнишаат системот од темел, вели Мета.
Мета уште со став дека воопшто не е загрижен за тужбитр поднесени против него во Специјалното јавно обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, ниту пак од написите во странските медиуми.
-Тоа се апсурдни вести, како ликовите што сите ги знаете, што не создава никакво одвлекување не само од должностите на претседател, туку и од обврските на господинот Илир Мета, почнувајќи од 25 јули, додава тој.
Што се однесува до написите на австриски весник за вмешаност во големи коруптивни афери Мета вели дека „одговорот ќе го добие на судските рочишта што ќе се одржат таму”.
– Тоа е приказна која не постоела и не постои, категоричен е Мета.
Функцијата прртседател на 24 јули, Мета ќе му ја предаде на Бајрам Бегај, доскорешен мајор и Началник на Генерал штабот на албанската армија, кој е 8- ми претседател по падот на комунистичкиот режим.