Мета и Рама ја поздравија одлуката на Холандија за отворање преговори на Албанија со ЕУ 

90

Претседателот Илир Мета и премирот Еди Рама ја поздравија одлуката на Холандија да даде зелено светло за отворање на преговорите меѓу Албанја и ЕУ.  

Мета нагласува дека исполнувањето на сите услови ќе биде константно барање, што ќе ја придружува земјата во овој процес, од почеток до крај, и ќе биде одлучувачки за времето кога ќе се финализира членството. 

Според него, земјата мора да го задржи фокусот на исполнување на сите услови што е можно побрзо, така што на 22 јуни Советот да одлучи позитивно за реалниот почеток на преговорите. 

-Ја поздравувам одлуката на холандскиот парламент за одобрување на рамката за преговори, а потоа и одржувањето на првата меѓувладина конференција со Албанија. Исполнувањето на сите услови ќе биде константно барање што ќе го придружува овој процес, од почеток до крај, и ќе биде одлучувачки за времето кога ќе се финализира членството, напиша Мета на Фејсбук.  

Посакуваме на 22 јуни Советот да донесе позитивна одлука за реалниот почеток на преговорите, да се задржи фокусот на исполнувањето на сите услови што е можно поскоро. 

-Холандскиот парламент го поддржува свикувањето на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ за официјално започнување на преговорите за членство. Јас ви реков, без избори таму, нема што да очекуваме ние тука.  Ете изборите завршија, Албанија е деблокирана. Како и да е, голема благодараност. Нема време за одмор, напиша Рама на Фејсбук. 

 Новиот холандски министер за надворешни работи, Сингрид Каг, го пофалил напредокот на Албанија, истакнувајќи дека балканската земја неодамна постигнала напредок со реформите на приоритетни теми и во борбата против организираниот криминал и корупцијата.