Ракометарите на Металург се поразени во третитот натпревар од групната фаза во  Европската лига. „Металурзите“ претрпеа висок пораз на гостувањето кај Адемар Леон со 41:32.

Но, поразот може некако да се оправда со тренерската смена пред мечот, паузата поради коронавирусот и долгиот 40-часовен пат низ неколку држави со автобус. Ова беше дел од причините Металург да не биде доволно конкурентен на гостувањето кај противникот од АСОБАЛ Лигата. За Металург ова беше втор гостински пораз, по оној кај Тулуз.

Најдобар стрелец на овој натпревар за тимот на Металург беше Милан Поповиќ со  осум гола, Хорват постигна шест, а Канкараш и Серафимов реализираа по четири пати. Во следното коло на 24 ноември, Металург треба да биде домаќин на Фиверс.

Во рамките на истото натпреваривање Еурофарм Пелистер на домашен терен одигра нерешено со Кадетен Шафхаузен 25:25. Но, битолчани има за што да жалат, бидејќи по првото поливреме имаа предност од шест гола (16:10).

-На крај нерешено е добар резултат за нас. Десет дена имавме проблеми поради коронавирусот и екипата беше во изолација и тоа се почувствува. Во второто полувреме имавме голем пад, игравме бавно еден на еден и тоа противникот го искористи, изјави тренерот на екипата Жељко Бабиќ.

Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ досега има одиграно две средби и ќе почека на првиот триумф. Во деби-натпреварот, на гостински терен загуби од ГОГ Гудме.

Фото: РК: Металурт – РК: Е.Пелистер