Македонскиот ракометен клуб Металург, продолжува со екипирањето на својот состав, откако во своите редови го донесе португалското лево крило, Улисис Рибеиро.

Рибеиро (30 г, 181 см, 76 кг) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.

Матичниот клуб на новото засилување на тимот од „Автокоманда“ е Сао Бернардо од каде потоа замина во Мадеира и таму остана се до минатата сезона кога се пресели во екипата на Хари Ап од холандското првенство. Проблемите со Ковид-пандемијата беа причина што Рибеиро минатата сезона одигра само 13 средби на кои постигна 33 гола.

Рибеиро, покрај својата левокрилна позиција, одлично се снаоѓа и на позиција среден бек, а со Металург потпиша договор на две години.

Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров,  средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.