Ракометниот клуб Металург му даде нов тригодишен договор на тренерот Иван Марковски. Тој дојде во Металург при крајот на март и за кратко време успеа да ја консолидира екипата и да ја извлече од резултатската криза во која го најде клубот.

-Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја препороди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде“, вели за официјалниот сајат на клубот претседателката Зорица Блажевска.

Фото: РК. Металург