Поранешниот македонски ракометен шампион Металург, претрпе пораз во првото коло на плејоф-фазата во македонската Суперлига. Скалпот на „металурзите“ им го зедоа ракометарите на Пролет, совладувајчи ги со 29:26, а ваквиот резултат беше причина да биде разрешен тренерот Оливер Димитриоски.

-Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски. Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига, стои во соопштенитео на официјалната интернет страница на клубот.

Во првото коло од плеј – офот Еурофарм пелистер ја оправда улогата на фаворит против Струга совладувајќи ја со 28:18, а РК Бутел беше подобар од тимот на Охрид со 26:22.