Поранешниот македонски ракометен шампион Металург, ги претстави двете нови засилувања за наредната сезона, Французите Кевин и Оливие Њокас. Близнаците потпишаа двегодишен договор со тимот од Автокоманда, кој прави екипа што ќе биде конкурентна на Вардар и Еурофарм Пелистер за титулата во Суперлигата.

Оливие и Кевин професионалната кариера ја започнаа во редовите на ПСЖ, а потекнуваат од школата на Монтгерон. Оливие има 32 настапи и 69 гола за француската репрезентација и златен медал од СП 2017 година во Франција. Тој во Металург доаѓа од Францускиот Нант, каде му беше соиграч на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров. Кевин последниве три сезони игра во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах.

Фото: П. Стојановски