Меси ќе ја добие „Златната топка“, но потоа ВАР ќе му ја даде на Ван Дајк

172
BARCELONA, SPAIN - MAY 1: (L-R) Virgil van Dijk of Liverpool FC, Lionel Messi of FC Barcelona during the UEFA Champions League match between FC Barcelona v Liverpool at the Camp Nou on May 1, 2019 in Barcelona Spain (Photo by David S. Bustamante/Soccrates/Getty Images)

Пеп Гвардиола никако не може да се соочи со фактот дека ВАР веќе е составен дел од фудбалската игра. Каталонскиот тренер нема убаво искуство кога е во прашање видео технологијата затоа што најчесто се поништуваа погодоците кои беа постигнати од фудбалерите на Манчестер Сити.

Менаџерот на актуелниот шампион на Англија го користи секој момент за да даде некаков саркастичен коментар за ВАР, а пред неколку дена изјави дека ВАР ќе има клучна улога кога е во прашање и доделувањето на најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс фудбал.

Главни фаворити за престижната награда се Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо. Во изминатите неколку дена, поголемиот дел од фудбалските медиуми шпекулираат дека капитенот на каталонскиот гигант Барселона по шести пат ќе ја освои „Златната топка“.

Нормално, поранешниот тренер на Меси и на Барселона смета дека Аргентинецот ќе ја освои наградата, но додаде и дека ВАР ќе одлучи „Златната топка“ да заврши кај друг фудбалер.

  • Јас сум убеден дека Лео Меси ќе ја освои „Златната топка“, но откако некој ќе го прегледа ВАР, наградата ќе му биде дадена на Вирџил ван Дајк, изјави Гвардиола по натпреварот од Лигата на шампиони против екипата на Шахтјор од Доњецк.