Меси ќе игра за Интер Мајами

77

Поголемиот дел од фудбалските медиуми ја пласираа и информацијата дека американскиот клуб, Интер Мајами, ќе биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Лионел Меси. Поранешниот капитен на каталонскиот гигант Барселона има договор со „светците“ до 2023 година, а откако ќе му заврши договорот како слободен фудбалер ќе потпише за Интер Мајами.