Аргентинскиот капитен Лионел Меси се израмни со легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус на листата играчи со најмногу настапи на светските првенства. И двајцата сега имаат по 25 настапи, но пред аргентинскиот фудбалер е уште еден натпревар во Катар и по завршувањето на Мундијалот и финалето в недела Меси ќе биде новиот рекордер. Напаѓачот на француски ПСЖ, воедно, сега е и прв аргентински стрелец на светските првенства. На чело на листата досега беше Габриел Батистута со 10 голови. Диего Диего Марадона и Гиљермо Стабиле постигнаа по осум.