Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и шампионот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон ја поделија награда Лаурес за најдобар спортист на годината.

Интересно е тоа што откако се доелува оваа награда во 1999 година, Меси е првиот фудбалер кој е прогласен за спортист на годината. Хамилто, пак е третиот возач во Формула 1 кој може да се пофали со ова признание. Пред него наградата два пати ја доби Михаел Шумахери и еднаш Себастијан Фетел.

Исто така ова е првпат наградат да ја добијат двајца спортисти. Двојката ја победи големата конкуренција во која беа и голферот Тајгер Вудс, тенисерот Рафаел Надал, моторциклистот Марк Маркез и атлетичарот Елуд Кипчоге. Во гласањето учествуваат поранешни спортски ѕвезди, а манифестацијата се одржа во Берлин (Германија).

-Имаме огромна обврска да ја искористиме областа во која дејствуваме во борбата за полова еднаквост во спортот, еднаква застапеност за сите коие се обидуваат да станат дел од спортскиот свет и да го претставуваме денешниот свет на вистински начин – изјави Хамилтон, додека Меси не беше лучно присутен на оваа манифестација.

Во женска конкуренција признанието повторно отиде кај Симон Бајлс, гимнастичарката кој има најмногу медали од светските првнества, 25  и која му помогна на тимот на САД да ја освои петтата последовна титула. За Американката ова е трета награда Лауреус.

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја освои наградата за особено постигнување во годината, сноубордерката Клое Ким втора година по ред е акциска спортска личност на годината.

Најмладиот шампион на Тур де Франс во изминатите 110 години Еган Бернал го доби признанието за најдобар подвиг на годината, а Оксана Мастерс, освојувачка на пет златни и две сребрени медали во нордиско скијање е прогласена за најдобра спортистка со инвалидитет.