Меси поставува рекорди како од шега

103
epa10331291 Lionel Messi of Argentina and teammates celebrate after the FIFA World Cup 2022 group C soccer match between Argentina and Mexico at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 26 November 2022. EPA-EFE/Friedemann Vogel

Двојниот светски шампион, репрезентацијат на Аргентина, експресно се рехабилитираше од срамниот пораз од селекцијата на Саудиска Арабија откако со 2:0 ја доби пресметката против секогаш незгодниот тим на Мексико. Со освоените три бода, популарните „гаучоси“ останаа во игра за едно од двете места кои водат во 1/8 финалната рунда, а како и секогаш, спасител на Аргентинците беше капитенот, Лионел Меси.

Фудбалерот на францускиот гигант ПСЖ прво постигна прекрасен погодок, а во самиот финиш од натпреварот му асистираше на Енцо Фернандез кој го постави и конечниот резултат.

Освен по победата и маестралната игра на капитенот, овој натпревар вечно ќе биде запаметен и по новите историски успеси на Меси.

Аргентинецот е прв фудбалер во историјата кој истовремено е и најмлад и најстар фудбалер на Светските првенства кој на меч на СП успеал да запише гол и асистенција.

Меси на СП во Германија во 2006 година против Србија стана најмлад со гол и асистенција на 18 години и 357 дена, а против Мексико стана најстар на кого му успеал ваков ефект од гол и асистенција со 35 годинии 155 дена.

Истовремено Меси со осмиот гол на Светските првенства се израмни со легендата Диего Армандо Марадона, а го израмни и рекордот со 21 меч за националниот тим на СП. Фудбалерот на ПСЖ сега го брка Габриел Батистута кој има 10 гола на Светските првенства за да стана нејефикасен Аргентинец.