Меси подготвен да игра за Барселона бесплатно

142
epa10372950 Lionel Messi (R) of Argentina touches the trophy after winning the FIFA World Cup 2022 Final between Argentina and France at Lusail stadium, Lusail, Qatar, 18 December 2022. Argentina won 4-2 on penalties. EPA-EFE/Ronald Wittek

Лионел Меси е подготвен на се за да се врати во Барселона. Хорхе, таткото на Меси, како и самиот Лео побараа од Ал Хилал и Интер Мајами да помогнат да се договорат за реселба во Барселона, изјави новинарот Ману Карењо за радиото „Кадена СЕР“.

Во моментов не е познато како овие клубови можат да учествуваат во организацијата на трансферот. Беше објавено дека Меси би можел да замине во Интер Мајами, а потоа да замине на позајмица во Барселона.

Од друга страна, Ал Хилал е подготвен да му плаќа на Меси повеќе од 300 милиони евра по сезона, додека Интер Мајами – 50 милиони евра по сезона, без спонзорските договори. Исто така, американскиот клуб е подготвен да го направи Лео еден од акционерите во клубот.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го увери Хорхе Меси дека доколку Лео се врати, тој ќе биде најплатениот играч на Барселона. Меси постариот на ова одговори дека Лео е подготвен да игра за Барса дури и бесплатно.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на 30 јуни и тој ќе стане слободен играч.