Меси откри дека е многу разочаран

42

Капитенот на Барселона и на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, откри што точно мисли за неодржувањето на Купот на Америка поради пандемијата на коронавирус.

  • Одложувањето на Купот на Америка беше огромно разочарување за мене. Но, ова требаше да се очекува, разумна одлука. Купот на Америка би бил голем настан за мене. Јас би бил многу среќен што повторно учествувам на овој турнир. Ме мачеше веста за одложувањето, но реагирав на ова со разбирање, изјави аргентинскиот фудбалер.

„Копа Америка“ требаше да се игра ова лето (12 јуни – 12 јули) во Аргентина и Колумбија. Натпреварувањето е одложено за 2021 година.