Меси ме „уби“, го молев Анчелоти да ме замени

131
BARCELONA, SPAIN - MARCH 07: Lionel Messi of FC Barcelona celebrates after scoring his team's first goal during the La Liga match between FC Barcelona and Real Sociedad at Camp Nou on March 07, 2020 in Barcelona, Spain. (Photo by Alex Caparros/Getty Images)

Алесандро Костакурта беше легендарен дефанзивец на калчо гигантот Милан каде ја помина целата своја фудбалска кариера, точно 28 години. За тоа време, поранешниот репрезентативец на Италија освои седум шампионски трифеии во Серија А, пет пати го освојуваше пехарот во Лигата на шампиони и два пати беше Светски клупски шампион.

Иаконата на Милан се присети на првата средба со капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, кој според многумина е најдобар фудбалер на сите времиња. Костакурта тогаш играше против Барса, а аргентинскиот интернационалец имаше само 16-години.

  • Играв против Меси кога тој имаше само 16-години. На почетокот во него гледав само дете и мислев дека ќе можам да му направам се што сакам. Сепак, после само 15 минути побарав од тренерот Карло Анчелоти да ме замени, откри популарниот Били.

Поранешниот дефанзивец на „росонерите“ откри и што мисли за вечната споредба помеѓу Лионел Меси и Диего Армандо Марадона.

  • Слични се поради нивната генијалност и начинот со кој доминираат на зелениот терен. Сепак, Меси е поголем генијалец. Разликата е во тоа што треба да направите 66 фаули врз Марадона за да добиете жолт картон. Тоа не е можно кога  е во прашање Меси затоа што фудбалската игра денеска е сосема нешто друго, додаде Костакурта.

Италијанецот својата фудбалска кариера ја заврши во 2007 година, а Меси е моментално најдобар светски фудбалер.