Меси е од друга димензија

89

Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, смета дека аргентинскиот интернационалец Лионел Меси заслужува повеќе од „Златна топка“.

Според него, капитенот на Барса е од друга димензија.

  •  Јас дури и не би му дал „Златна топка“. Тој ја има надминато оваа награда. Меси е во неговата сопствена категорија. Има големи играчи, но тој е од друга димензија, изјави Бартомеу.

Меси во својата богата трофејна кариера меѓу многуте награди има освоено и пет „Златни топки“, награда која се доделува на најдобриот фудбалер на годината.