Екипата на Мерцедес и седумкратниот шампион Луис Хамилтон се уште не можат да ги завршат преговорите околу потпушувањето на новата соработка, бидејќи Британецот бара повисока плата, а од тимот му понудиле само едногодишен договор.

Хамилтон моментно е без договор, иако од двете страни потврдија дека соработката ќе продолжи, но засега договор не падна.

Неодамна, Мерцедес ги отфрли шпекулациите за барањето на повисока плата како нереална, а сега холандскиот весник „Де Телеграф“ тврди дека има голем застој во напредокот.

Хамилтон би сакал да обезбеди повеќегодишен договор со Мерцедес, бидејќи така ќе се покаже сериозноста на тимот да го заддржи до крајот на сезоната, но во тимот би сакале да остават отворена опција за во 2022, така што дури се тврди дека Џорџ Расел од Вилијамс би бил евтино решение за тимот.