Финскиот пилот во Формула 1, Валтери Ботас (29) ја вози третата сезона во болидот на Мерцедес, а по минатата трка која беше за заборав, сезоната за него почна прилично добро. Ботас победи на две од првите четири трки сезонава, а најслабиот резултат му е четвртото место на трката за ГН на Канада во Монтреал. Тоа беше единствениот пат да не биде на подиумот во девет извозени трки во најбрзиот циркус на денешницата.

Меѓутоа, неговата форма драстично му падна минатата недела, а Мерцедес има двајца малди таленти кои само чекаат шанса, Џорџ Расел и Естебан Окон. Се појави и приказна дека Макс Верстапе

н би можел наскоро да биде достапен. ПРвиот човек на тимот Тото Волф, кажа дека Ботас мора да освои титула за сигурно да го продолжи договорот со „сребрените стрели“.

-Секој возач знае дека ако не ги постигне бараните резултати, дека секогаш постои можност да биде заменет од некој друг. Валтери мора да биде успешен, тој е во тим со кој може да освои титула и тврди дека го сака тоа, изјави Волф и додаде:

-Го видовме многу силен во првиот дел од сезоната. Беше рамноправен со Хамилтон во квалификациите, мислам дека мора да биде свесен со каква сила располага и тоа да го покаже на патеката.

Не е тајна дека првиот човек на Мерцедес, со задоволство во кокпитот повторно би го ставил талентираниот јунуор, но и Хамилтон инсистира Ботас да му биде тимски колега, со оглед на одличниот однос кој го имаат за разлика од хаосот кој владееше додека Нио Розберг возеше за германскиот тим.