Формула 1 тимот на Мерцедес се подготвува да го надгради својот болид за Големата награда на Британија на познатата патека Силверстон. Сезонава тимот има многу полемики, дали се добри, дали се лоши, дали нешто кријат…

Како и секоја година, тимот од Англија сака да се појави во Силверстон следниот викенд (3 јули), а се шпекулира дека подготвува пакет за надградба на болидот.

Техничкиот директор Мајк Елиот испрати јасна порака до противниците на Мерцедес.

  • Бидете сигурни дека ќе дадеме сè од себе за да го извлечеме максимумот од тој болид. Подготвуваме нов пакет за Силверстон, целта е да ја подобриме брзината, а ќе има уште некои дополнувања. Сепак, мора да бидеме реални и да кажеме дека во моментов сме зад Ферари и Ред Бул, изјави Елиот.