„Мерцедес“ ги исфрла рачните менувачи

633

Автомобилскиот гигант „Мерцедес“ од идната година ќе почне да ги исфрла мануелните менувачи од своите автомобили за европскиот пазар.

Во моменталната понува на возила од германскиот производител, рачните менувачи се присутни само кај некои изведби на А, Б и CLA класите.

Причина за ваквата одлука на „Мерцедес“ не се само трендовите и желбите на возачите, туку и се помалку рентабилното производство заради зголемениот број на хибриди и плаг-ин хибриди кои имаат автоматизиран систем на трансмисија додека пак кај возилата на електричен погон воопшто и нема менувач.

„Мерцедес“ од претходно веќе ги има исфрлено од производство сите модели со мануелни менувачи наменети за американскиот пазар.