„Ќе работиме заеднички и ќе ги поттикнуваме и Албанија и Северна Македонија на дополнителни реформи, а со партнерите во ЕУ ќе се обидеме да најдеме решенија кои ќе овозможат отворање преговори и евентуална модификација на методологијата (на процесот на пристапување ,н.з.)“, рече хрватскиот премиер, чија земја од јануари го презема претседавањето со ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за наоѓање брза согласност со Франција во дебатата околу реформата на процесот на пристапување кон ЕУ. Меркел на средбата на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб имаше средба со  хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, по која на заедничка прес-конференција зборуваа за проширувањето на ЕУ и барањата на Франција за реформа на процесот на пристапување.

Меркел потенцираше дека не смее да се отстапи од ветувањата кон земјите од Западен Балкан:

„Сега мора да разговараме со Франција и тоа ќе го правиме многу интензивно околу тоа кои елементи во процесот на пристапување треба да се подобрат, да се променат. Ние сме подготвени за разговори, иако и сега има многу флексибилности. Сакаме да постигнеме согласност најбрзо што е можно за да постигнеме напредок во конкретни случаи. Но и натаму мора да постои реална перспектива на пристапување за земјите од Западен Балкан. Не смееме да отстапиме од она што сме го ветиле, па да се создаде впечаток како да не сакаме веќе да им даваме европска перспектива. Тоа не би било добро“, рече Меркел.

Пленковиќ додаде дека на прашањето на реформите ќе се работи со заеднички сили: