Меркел: Брегзит е длабок рез за Германија и цела ЕУ, сакаме да останеме пријатели со Лондон

36

Брегзит претставува „длабок рез” за Германија и низ цела Европа, нагласи германската канцеларка Ангела Меркел денеска  додавајќи дека очекува „интензивни” преговори за идните односи со Велика Британија.

„Германија сака да остане близок партнер и пријател на Велика Британија”, рече таа во видео пораката објавена само неколку часа пред излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во исто време, таа истакна дека Европа ќе ги брани своите интереси, особено интегритетот на европскиот единствен пазар во тешки преговори што ќе следуваат оваа година во дефинирањето на идниот трговски однос меѓу блокот на преостанатите 27 земји и Лондон.

Таа истакна дека тие преговори ќе ја одбележат оваа година и дека очекува интензивни преговори, упатувајчи предупредувања до Британците.

„Колку повеќе Британците ќе се оддалечуваат од условите на единствениот пазар, толку повеќе ќе се променат нашите идни односи”, потенцира таа.