Мерием-Вебстер: Зборот за 2019 година е „тие”

80

Користењето на заменката „тие” како родово неутрална заменка за личност која не сака да биде идентификувана со машки или женски пол, е избрано за збор на 2019 година, според американскиот издавач на Речникот Мерием-Вебстер.

„Во поново време, сепак, ‘тие’ (they) се користи за лице чиј родов идентитет е небинарен”, се наведува во објава на Мерием-Вебстер на нивната мрежна страница.

Пребарувањето за значењето на зборот, чиешто ново значење е додадено во септември, пораснало за над 3.000 отсто оваа година.

Речник Оксфорд и интернет-страницата Dictionary.com во 2018 година објавија статија каде што се објаснува дека употребата на „they” за еднина е граматички коректна и дека истата била присутна од крајот на 14. век.

Со тоа почнаа да се појавуваат и славни личности кои за своја идентификација ја избираат родово неутралната заменка. Меѓу првите беше пејачот Сем Смит.