Менталитетот е причината за злоупотребите од страна на работодавачите, смета Бошков

56

Сметам дека злоупотребите поради менталитетот потешко ќе се намалат со воведувањето на законското решение недела како неработен ден и дека злоупотребите, за жал според нашето мислење и она што го истражуваме и го согледуваме од состојбите од реалниот пазар нема ова позитивно да влијае на промената на менталитетот, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија на ТВ 24.

Тој истакна дека многу поважно е тоа дека поголемиот дел на работодавачи кои ќе го почитуваат законот и кои ќе ги сменат своите процеси согласно Законот за работни односи и Законот за трговија дека ќе имаат уште еден моментум за зголемен бенефит за имиџот на таа компанија и за имиџот во општеството или во дејноста.

„Она што го познаваме од процесите во Меѓународната организација на трудот, компаниите не се оценуваат само со профитите и со технолошкиот напредок, туку и со почитувањето на човековите права, животната средина и други параметри кои директно влијаат на социо – економските движења во едно општество. Така да, имиџот на еден работодавач е придонес кон цената и кон вредноста на капиталот и менаџерскиот тим и работниците“, рече Бошков.