Менкиновски за весникот Вечер: Писмото на Jанева само ќе ги искомплицира преговорите

111

Адвокатот Тони Менкиновски кој во работната група за законот за јавно обвинителство ја претставува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за весникот Вечер вели дека писмото кое од Шутка го испрати специјалната обвинителка Катица Јанева, дополнително ќе ги искомплицира преговорите за законот за јавно обвинителство.

Писмото отвара многу прашања, особено од формален аспект. Како е дозволено на лице кое што е во притвор, на кое знаеме му се ограничени правата, да може да достави таков допис? Тоа значи инкриминирачко дејствие. Јавните обвинители и министерката за правда Рената Дескоска не треба да се впуштаат во толкување на содржината на писмото, туку на кој начин писмото стигна до СЈО, вели Менкиновски за весникот Вечер.

Власта и опозицијата неколку пати даваа шанса за компромис за законот за ЈО, но оптимизмот, особено по писмото, се намалува. Повик за нова средба по писмото на Јанева немало, а засега неизвесно е и дали работните групи во петок  ќе ја одржат најавената средба и каков ќе биде епилогот за новото законско решение за Јавното обвинителство.