Хрватската гимнастичарка Ана Џерек, втор пат настапува на Олимписките игри во својата кариера, а пред својот прв настап ја пофали организацијата од страна на Јапонците и направи споредба со претходните Игри во Рио де Жанеиро.  Таа имаше пофални зборови и за креветитие од картон, кои беа многу критикувани од спортитите пред почетокот на најголемиот спортски настан во светот.

-Во Рио се беше многу поедноставно, Тука е се поинаку, почнувајќи од храната па се до креветите. Не смееме да излегуваме од олимпиското село и да го разгледуваме Токио, но мене тоа не ми претставува голем проблем. Мислам дека немам време да скитам по градот во пресрет на настапот. Единствено ми е малку глупаво што не можам да гледам други спортови и морам да одам само во сала за гимнастика. Што се однесува до креветите навистина се малку чудни, многумина се жалат на нив, но јас можам да кажам дека се удобни и не разбирам зашто има толкава паника околу тоа, вели Хрватката.

Ана до најситен детал ги опиша Јапонците и нивната култура.

-Имаат долга култура, се гледа дека се интелигентни луѓе. Но кога некого ќе прашате за нешто, тие секогаш мора да прашаат некој друг или трет – четврт. Импресивно е колку многу волонтери има тука. Мислам дека во друга држава мора да се платат луже да ги работат работите што тука ги работат волонтерите, како што се и оние наједноставните како постојано проверување на акредитациите на спортистите. Не верувам дека во нкоја друга земја тоа би функционирало на ваков начин, заврши хрватската гимнастичарка.