Менаџерското столче за Манчини

70

Поголемиот дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини. „Црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона ќе бидат менаџирани од трофејниот германски стручњак Ралф Рангник кој постоа ќе биде дел од раководната структура на „Олд Трафорд“.