Францускиот ракометен репрезентативец Дика Мем го продолжи договорот со Барселона и ќе остане во шпанскиот гигант до 2027 година.  Тој дојде во Барса на 19 години, во 2016 година и доколку го комплетира новиот договор ќе биде член на каталонците повеќе од една декада.

Десниот бек, за кој се шпекулираше дека би можел да се врати во Франција, во дресот на ПСЖ, сепак се реши да остане во клубот со кој досега освои 33 титули во сите конкуренции.

Барса ја чека реванш средба со германскиот Фленсбург во четвртфиналето на ЛШ, но по триумфот на гости, пласманот во Келн е многу блиску.