Меланија Трамп доби нова статуа во родната Словенија: Овојпат е „неуништива“/ВИДЕО

188

Нова, овојпат бронзена статуа на американската прва дама Меланија Трамп е откриена во близина на нејзиното родно место во Словенија. Бронзената статуа ќе ја замени дрвената скулптура која набрзо по поставувањето во 2019 година, непознати лица ја запалија.

Првата статуа некои ја опишаа како „срамна“, или ја нарекуваа „Штрумфета“, со коментар дека не изгледа како Меланија Трамп.

На новата статуа се наоѓа и плоча со натпис „во сеќавање на споменикот на Меланија кој стоеше на ова место“.

Делото на американскиот автор Бред Дауни е во Севница, каде Меланија Трамп порасна.