Карлос Тена, педесет и седумгодишен градоначалник од Мексико, се преправил во бездомник со посебни потреби, со цела да го тестира односнот на социјалните работници кон оваа ранлива категорија на граѓани.

Шокот за Тена бил голем кога побарал оброк, а вработените во социјалната служба одбиле да му дадат иако тој законски му следувал. Исто така кон него се однесувале дискриминирачки.

За да делува поубедливо, изнајмил и инвалидска количка, а својата маска ја подготвувал два месеца.

По лошото искуство, Тена ја посетил својата канцеларија, барајќи да разговара со градоначалникот, но му рекле дека не е таму. Кога побарал да разговара со секретарот на градскиот совет, му било грубо кажано да чека во ходникот, бидејќи државниот службеник нема да дојде уште еден час и половина.

Кога сфатил дека приговорите што ги добивал биле оправдани и излегол од инвалидската количка и ја тргнал маската, оставајќи ги вработените во Градското собрание во шок.

Тена кој важи за голем борец за човекови права истакнал дека целта на овој експеримент било да се покаже реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат.