Навивачите изминатиот период имаа можност да ги изберат најдобрите репрезентации во последните 20 години, па сега, на ред дојде да се избере „Тимот на соништата“ на ФИБА ЕвроБаскет од 2000 до 2020.

Од 80. играчи што ги изгласаа навивачите во првата фаза на гласање, 24 од нив се избрани во потесен круг, додека последната рунда гласање ќе се одржи во две одделни категории. Инаку, во финалниот избор на најдобрите 12 кошаркари, немаше место за еден од клучните играчи на нашата селекција од ЕП во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб.

Предност во однос на Мекејлеб добија кошаркари како  Богдан Богдановиќ,Милош Теодосиќ (Србија), Нандо Де Коло, Тони Паркер (Франција), Димитрис Дијамантидис, Василис Спанулис, Тео Папалукас (Грција), Лука Дончиќ, Горан Драгич (Словенија), Шарунас Јасикевичиус (Литванија), Хуан Карлос Наваро (Шпанија) и Алексеј Швед (Русија).