Американскиот боксер Флојд Мејведер, изјави дека следната година повторно ќе се бори со Конор Мекгрегор. Непоразениот пензиониран боксер се соочи со ММА борецот од Ирска во 2017 година.

-Не знаеме дали тоа ќе биде егзибициона или вистинска борба. Имаше разговори и за двете. Би сакал егзибициона борба, изјави Мејведер.

Мекгрегор зборуваше за неговото враќање во боксот уште во мај годинава

-Боксот е мојата прва љубов. Толку убаво си поминав последниот пат кога бев таму, изјави Мекгрегор.

Ирецот не се натпреваруваше од минатиот јули, а последна борба што ја одработи беше против Дастин Поаре.