За помалку од една недела, ММА фановите ќе имаат можност одново да го гледаат Конор Мекгрегор во октагонот. Ирецот ќе се соочи со американскиот борец Доналд Сероне.

Мекгрегор (31) кој направи големо богатство со соочувањето со Флојд Мејведер, ќе ја добие најголемата премија во УФЦ историјата. Се работи за сума од пет милиони долари, што е повеќе од она што го заработи при борбата со Хабиб Нурмагомедов.

За разлика од него, Американецот ќе инкасира само два милиони долари, што исто така се рекордни за него во богатата ММА кариера.