Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, реши да објави долга порака на својот Инстаграм-профил за Конор Мекгрегор, со кого се бореше во текот на неговата кариера.

Мејведер е еден од четворицата спортисти милијардери, а сега реши да го карактеризира својот поранешен ривал како губитник, па се осврна и на прашањето околу расизмот.

Американскиот боксер доби неколку пораки од обожаватели на социјалните мрежи, кои ги интересираше зошто се перцепираат двајцата борци сосема поинаку ако се има в предвид дека имаат сличен карактер.

И двајцата сакаат да ги испровоцираат своите противници, а тоа наиде на сосема различни реакции во јавноста.

  • Мислам дека светот знае како Мекгрегор може да украде сè што е мое и луѓето ќе го сакаат поради тоа, додека мене сè уште ме мразат. Тоа е знак дека расизмот сè уште постои. Но, тој лудак никогаш нема да биде како мене, никогаш нема да биде на мое ниво. Мојот начин на размислување е од друга планета. Роден сум како победник и никој не е повешт од мене. Зборувам многу глупости, но не сум силен само со зборови! Тоа е она што тие го мразат. Жално е што можете да бидете сиромашно црно дете кое потекнува од гето, кое цел живот се соочуваше со расизам, некој што се обидува да се стави себеси и семејството во подобра позиција, а потоа да добие многу омраза, од својот народ. Конор не може да победи ниту во својот спорт, а зборува за некакво враќање во боксот и борба против Пакјао. Никој не сака да го гледа, напиша американскиот боксер.