Ирскиот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, ќе отсуствува од октагонот најмалку една година поради скршеницата на ногата со која се здоби на натпреварот против Дастин Поирие.

  • Ќе му треба една година да закрепне и навистина не знам кога повторно ќе го гледаме. Ќе видиме. Ова е жестока игра, и тој изгради огромно име и заработи планина пари. Ќе видиме како ќе се развива остатокот од неговата кариера, изјави првиот човек на УФЦ, Дана Вајт за „Фокс њуз“.

Ирецот на крајот од првата рунда доживеа скршеница што го спречи да ја продолжи борбата и забележа нов пораз од Поарие, втор во последните шест месеци.