Мека штрудла со џем од кајсии и ореви

566

Мирисот и вкусот на оваа штрудла просто ве мами. Комбинацијата на тесто кое се меси со џем од кајсии и плус ореви е совршена по вкус.

Навистина е идеална да се засладите.

Потребно е:

  • 200 мл млака вода
  • 300 гр брашно
  • малку брашно за посипување
  • 3 лажици маслиново масло
  • 20 гр квасец
  • кора од лимон
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 100 гр мелени ореви
  • 4 лажици џем од кајсија

Подготовка:

Ставете вода во пластичен сад и додадете го квасецот и шеќерот, а потоа оставете го квасецот да стаса. Додадете го маслото, кора од лимон, брашно и сол и замесете мазно тесто. Оставете го покриено 20 минути. Промешајте, а потоа оставете го повторно да нарасне. Ставете го тестото на набрашнетата маса на која ќе го развлечете во правоаголна форма Намачкајте го тестото со филот од џем и мелени ореви, а потоа завиткајте го во ролат.

На плехот ставете хартија за печење и на неа преместете ја штрудлата во ролат.  Покријте ја и оставете ја да се одмори 15 мин. За ова време, загрејте ја рерната на 200 степени Ц и ставете ја штрудлата да се пече. Намалете ја рерната на 180 и печете 40 мин. Премачкајте ја топлата штрудла со маргарин. Сечете ја ладна.