Медицинска сестра секој ден им свири виолина на заболените од Ковид-19/ВИДЕО

146

Иако се најизложени на вирусот во овие тешки времиња, медицинските работници сигурно имаат потреба од некаква макар мала воздишка, за да се справат со стресот за време на пандемијата.

Дамарис Силва, 26-годишна медицинска сестра од Сантјаго, Чиле, најде начин како да се опушти. Таа откако ќе заврши со работа, по тешката смена, им свири виолина и ги поздравува своите колеги и пациентите во болницата.

Силва им ги свири некои од најубавите латиноамерикански песни со што барем за миг им носи мир и спокојство во Ковид-19 болницата во Сантјаго, главниот град на Чиле.