Камерниот оркестар на Битола и уметниците Татјана Петрушевска-обоа, Стојан Димов-саксофон и Марјан Милошевски-фагот, под диригентство на Владимир Димовски, синоќа одржаа концерт насловен како „Медитерански приказни“ од Љубомир Бранѓолица.

За публиката во Битола беше презентирана богата музичка понуда – „Медитеранска свита“ од балетот „Дубровничка легенда“, концерт за обоа и гудачи, концерт за фагот и гудачи напишан во 2019 година посветен на Марјан Милошевски, како и музичкото дело за гудачи „Две антички перли“.