„Медените“ на црвениот килим/ВИДЕО

545

Тимот на нашиот оскаровец, филмот „Медена земја“ зачекори по црвениот тепих на доделувањето на една од најпрестижните награди Оскар 2020, во Лос Анџелес.

Оваа година тоа се случува по 92. пат а „Медена земја испишува историја со двете номинации за Оскар, – „медените“ се борат за две статуетки во категориите „Најдобар документарец“ и „Најдобар странски филм“.

Режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, главната актерка Атиџе Муратова, продуцентот Атанас Георгиев, и снимателите Фејми Даут и Самир Љума блеснаа на црвениот тепих пред Долби театарот.

Хатиџе Муратова пак, даде интервју на црвениот килим на доделувањето на најпрестижната награда „Оскар“.