Рускиот тенисер Данил Медведев знае да одбере спонзор. Тој неодамна потпиша договор со еден светски познат производител на луксузни часовници, а еден од многу скапи примероци најде место на неговата лева рака.

Русинот често на друштвените мрежи прикачува слики од приватниот живот, а никој не може да не го забележи богатството на неговата рака. Моделот што го носи рускиот тенисер е „Bovert Recital 26 Brainstorm Chapter One“ и чини вртоглави 270.000 евра, сума од која на многумина им се врти во главата.

Пречникот на часовниот е 48 милиметри, а куќиштето е нсаправено од кристален сафир. Компанијата со долга традиција која произведува часовници уште од 1822 година е позната по неверојатните механизми и ги произведува едни од најскапите часовниви во светот.

Медведев моментно е трет тенисер во светот и на неодамна завршениот грен слем турнир Австралија опен стигна до финалето каде загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ.