Медалите на Олимписките игри во Токио направени од рециклирана потрошувачка електроника

45

Претставникот на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јуки Арата, објави за видот на материјалот од кој ќе бидат направени медали за спортистите.

– Произведовме 5.000 медали кои се направени од рециклирана домашна електроника. Станува збор за паметни телефони, компјутери. Сè беше собрано и донесено кај нас од жителите на Токио. Подиумот, на кој ќе се одржи доделувањето на наградите, исто така е еколошки – тој е направен од рециклирана пластика – информира Арата.

На 8 јули стана познато за воведување вонредна состојба во Токио поради коронавирусот. Летните олимписки игри во Јапонија ќе се одржат од 23 јули до 8 август.