Поранешниот тренер на гимнастичарската репрезентација на САД, Меги Хани, суспендирана е на осум години заради емционално и вербално злоставување на гимнастичарките.

Како што се наведува во образложението на одлуката на Американската гимнастичарска федерација, Хани емоционално и вербално ги злоставувала гимнастичарките, ги терала да тренираат додека се повредени, викала и ги навредувала младите кои имале само десет години.

Хани ги тренирала и некои од најдобрите американски гимнасричарки како што е олимписката шампионка од 2016 година Лори Ернандес и светската шампионка од 2018 година Рајли Мекаскер.

Челниците на американсакта гимнастичарска федерација првпат злоставувањето на Хани над гимнастичарките го забележале во 2016 година , а три години подоцна објавија дека е под истрага поради недолично однесување.