Мега јахтата „Еклипс“ на Абрамович пловеше по Бокакоторскиот залив

213

Утринава мега јахтата „Еклипс“ на рускиот милијардер Роман Абрамович пловеше по Бокакоторскиот залив.

„Еклипс“ е една од најголемите приватни јахти на светот, долга е 163 метри, а вредна околу 340 милиони евра, а Абрамович си ја подари самиот на себе за новата 2010 година, пренесе РТЦГ.

Јахтата е тешка околу 13.000 тони, широка е 21 метар, а нејзиното годишно одржување чини 30 милиони евра.

„Еклипс“ може да прими 62 гости и 70 членови екипаж, а од содржина располага со базени, сауни, кино сали, златари, фризерски салони, градинки, ресторани, клубови и болница.

Од дополнителна „опрема“ тука се и два хеликоптери, подморница, ракетни радари, чамци за спасување и многу други безбедносни системи.